Ракетата Falcon 9 на американската приватна компанија SpaceX во средата лансираше шпионски сателит во орбитата, кој ќе биде во служба на американските вселенски сили, објави Националниот извидувачки кабинет (NRO) задолжен за создавање и управување со американската воена сателитска мрежа.
Ракетата која го носеше сателитот NROL-87 полета во 12.27 часот по локално време (21.27 по средноевропско време) од воената база Ванденберг во Калифорнија и ја внесе во орбитата на Земјата, по што се врати во базата без никакви потешкотии, додаде НРО во изјава.

