4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена добивката на ТТК Банка за 2021 година

Намалена добивката на ТТК Банка за 2021 година

ТТК Банка АД Скопје за периодот јануари-декември 2021 година генерираше позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 154,2 милиони денари, кој е за 18,5 % или 24,1 милиони денари повисок во однос на минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци.

За 2021 година, Банката оствари нето добивка на износ од 44,6 милиони денари, и е пониска за 51 % во однос на претходната година кога изнесувала 90,6 милиони денари.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 31.12.2021 година изнесуваат 257,5 милиони денари и бележат намалување од 4,4 % во однос на истиот период минатата година. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 93,7 % од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 194,1 милиони денари и бележат зголемување за 31,4 % во однос на минатата година кое се должи во најголем дел од зголемените приходи од провизии од домашниот платен промет, како и од провизиите од картично работење и од брокерско работење. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги ги надминуваат планираните за овој период за 6,5 %.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 11,1 милиони денари и бележат годишен раст од 16,7 %. Во однос на планот се остварени со 113,3 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 30,9 милиони денари и се пониски за 25,1 % во однос на минатата година, како резултат од пониски приходи од реализирани дивиденди, како и од помал износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 345,9 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 4,0 %, како резултат во најголем дел од повисоките материјални и административни трошоци. Во однос на планот се остварени со 97,4 %.

Исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 102,7 милиони денари, како резултат на ефектот од влошување на состојбата на одредени комитенти од корпоративно кредитно портфолио.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП