10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВорен Бафет повторно последен се смее

Ворен Бафет повторно последен се смее

Инвеститорите во големите технолошки компании минуваат низ некои од најтешките месеци. Фондот за иновации на „Cathy Wood Ark“, кој поседува акции во „Tesla“, „Zoom“ и „Roku“, падна за речиси 30% од почетокот на 2021-ва година. Шпекулативните акции како „GameStop“ и „AMC“ исто така драстично се намалија.

Сепак, ова не важи за Ворен Бафет и неговата инвестициска компанија. Инвестициите на „Berkshire Hathaway“ во банкарски хартии од вредност, како и нафтените и енергетските компании, се меѓу ретките кои пораснаа во оваа година.

Акциите на „Berkshire Hathaway“ пораснаа за околу 3 отсто во јануари, додека технолошките гиганти „Microsoft“, „Facebook“, „Amazon“, „Apple“, „Google“ и „Netflix“, како и „Tesla“ на Илон Маск, драстично паднаа.

Голем дел од портфолиото на Бафет е изградено на компании од финансискиот сектор, вклучувајќи ги „US Bancorp“, „Bank of America“ и кредитните картички „American Express“.

Не треба да го заборавиме „Chevron“, кој порасна за 10% од почетокот на 2022-ра година и е компанија со најдобри перформанси од 30-те вклучени во индексот „Dow Jones“, пишува „CNN Business“.

„Apple“ е најголемата инвестиција на Бафет, а акциите на компанијата паднаа за 5% од почетокот на годината. Легендарниот инвеститор поседува и мал удел во „Amazon“, пад од 15% од почетокот на годината. Затоа, може да се каже дека Бафет не го избегнал целосно падот на технолошките компании. Сепак, „Apple“ објави рекордна продажба за последниот квартал, а акциите пораснаа за 7% во петокот.

Бафет и „Berkshire“ немаат удел во „Meta“, „Netflix“, „Alphabet“, а исто така не инвестираат во „Microsoft“ поради нивното пријателство со Бил Гејтс. Бафет нема инвестиција во „Tesla“, туку заработи милијарди од неговата инвестиција во кинеската компанија „BYD“.

„Berkshire“ не е само инвестициска компанија. Поседува инвестиции во познати бизниси и брендови, како што се производителот на батерии „Duracell“, боите „Benjamin Moore“, „Fruit of the Loom“ и „Burlington Northern Santa Fe“.

„Berkshire“ е првенствено фокусиран на финансиски услуги, бидејќи е сопственик на осигурителната компанија „Geico“, како и другите компании во секторот. Бафет е единствениот милијардер во топ 10-те најбогати луѓе во светот кој го зголемил своето богатство. Ова се должи на фактот што инвеститорите се свртеа кон финансиските компании, откако стана јасно дека Федералните резерви наскоро ќе почнат да ги зголемуваат каматните стапки во САД. Иако има 91 година, се чини дека Бафет повторно има подобри резултати од повеќето инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП