20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиромашните дополнително осиромашија во кризава!

Сиромашните дополнително осиромашија во кризава!

Невладините организации објавија истражување за борбата против сиромаштијата на локално регионално и национално ниво. Извештајот ја опфаќа втората половина од 2020 година и првата половина од ланската година. Извештајот уште се нарекува и буден чувар, затоа што во него се започнува од лицата кои живеат во сиромаштија.

Една од целите на истражувањето е да се сопре продлабочувањето на сиромаштијата, да се откријат приоритетите и предизвиците на лицата кои живеат во сиромаштија. Во пракса сиромаштијата се пресметува по десетина индикатири, доколку не може ниту половина од нив да задоволи тогаш со сигурност може да се каже дека тоа домаќинство живее во сиромаштија. Дел од тие индикатори се: дали има пристап до интернет, дали има два пара на обувки, одредена сума на пари за потпрошувачка или набавка, но не само основни прехранбени производи. Доколку во домаќинството има 20 отсто невработени од работоспособното население тогаш за тоа семејство се смета дека е во ризик од сиромаштија.

Во анализираниот период здравствената криза сериозно удрила врз социјалниот и економскиот живот. Според информациите на Светгска банка последниве две години бројот на лица кои живеат во сиромаштија е зголемен за 25 илјади нови лица во земјава. Од друга страна, посочена е и државната интервенција по ова прашање, која беше и е насочена кон економската активност, но според извештајот изостанувала социјална заштита. Единствен бенефит за лицата во ризик беа паричните средства и тоа квантитативно каде што имаше олеснување за тоа како да се остварат понудените поволности. Сиромаштијата удри и кај граѓаните кои се со полно работно време, иако со државната помош за субвенционирање на платите успеаа да се задржат околу 60 илјади работни места. Како важен детал е тоа што се зголемила неактивноста на пазарот на труд. Информациите на невладините велат дека едноставно ги снема работоспособните луѓе кои се обидуваат да стасаат до пазарот на труд.

„Работниците се соочија и со административни бариери, во делот ако сами ја напуштиле работата немаат право на државните мерки. Лицата кои се соочуваат со, проблемот на сиромаштијата треба да бидат дел од формирањето на политики и одлуки поврзани за нив за што подобро надминување на состојбата. За сиромашни се сметаат сите лица, семејства или поединци чии ресурси, материјални, културни социјални се на такво ниво кое што ги исклучува од минимално прифатениот начин на живот во државата во која што живеат“, стои во делот на истражувањето на Македонската платформа за борба против сиромаштијата.

Сиромаштијата во детството има влијание и долгорочни последици врз физичкиот социјалниот развој вез децата. Податоците велат дека едно од четири деца во просек се соочуваат со ваков проблем. Децата кои се соочени со сиромаштија имаат поголема веројатност да заостанат во растот, односно да бидат пониски во споредба со просечната висина за нивна возраст. Реалноста е дека негативните ефекти од сиромаштијата се посилни кога децата ги трпат во посилна форма на сиромаштија. Само едно од триста сиромашни деца посетува предучилишна програма. Една третина од сиромашните деца не одат во средно училиште иако тоа е задолжително. Шест пати е поголема веројатноста девојчињата кои живеат во сиромаштија да се омажат пред да наполнат 18 години. Двојно поголема е веројатноста сиромашниоте деца да бидат физички дисциплинирани од страна на своите родители во однос на останатите деца. И ова се само дел од наодите кои се добиени од анализата за влијанието на пандемијата врз зголемувањето на сиромаштијата не само во земјава туку и на глобално ниво.

Од почетокот на пандемијата се детектирани низа проблеми во однос на исполнување на правата и во делот на остварување на правата на граѓаните. Пандемијата со Ковид 19 негативно влијаеше и го уназади на еднаков пристап до правата за сите и тоа од повеќе причини. Загрозувањето на здравјето најтешко ги погодува социјално загрозените семејства, кои не секогаш можат да имаат редовна лична хигиена, лекарска грижа и заштитни средства. Лошите услови за домување ја прават социјалната изолација речиси невозможно. Променетиот начин на работа на институциите и намаленото работно време го отежна остварувањето на  правото на социјално ранливите граѓани, во делот на социјалната заштита и работните односи. Ненадејното најавување за он лајн услуги од страна на институции беше изненадување и ги начека тотално неподготвенини лицата од маргинализираните заедници кои никогаш претходно немале потреба ниту пак знаат како треба да пополнат онлајн апликација, онлајн барање или или воопшто да комуницираат на ваков начин. И ако воведувањето на економските антикризни мерки имаше за цел справување со кризата и намалување на економските последици за граѓаните, сепак истото на неколку наврати во третиот и четвртиот пакет на мерки имаше огромни колонио пред банките и другите институции што дополнително доведе до ризик од ширење на заразата. Повторно на удар се најсиромашните и социјално исклучените.

Од Младински образован форум велат дека политичарите треба да посветат поголемо влијание во однос на формирањето на политики за младите луѓе, а особено оние кои се сиромашни. Политичарите размислуваат дека потребите на младите луѓе се идентични, но грешаат, тоа не е така, велат истражувачите. Големи се разликите на сиромашните лица кои живеат во градовите во однос на оние кои доаѓаат од руралните средини. Во нивното истражување анкетирани биле  820 испитаници од кои 206 биле мажи, а останатите жени кои живеат во поголеми и помали општини и населени места. Повеќе од една четвртина од испитаниците сметаат дека квалитетот на живот им е влошен, една тртетина дека има подобрување, речиси идентичен е и бројот на граѓани кои не гледаат разлика, а пак седум отсо дека во последните три години им се подобрени условите за живот. Младите од 15 до 19 години се најзадоволни од квалитетот на живот.

„Според големината на местото на живеење најзадоволни се младите кои живеат во градови од 50 па се до над 100 илјади жители, или урбани средини. Најмалку задоволни се оние млади кои живеат во населени места до 800 жители. Перцепцијата тука доаѓа во однос на тоа колку државата вложува во условите за живот на граѓаните. Речиси 60 отсто од испитаниците сметаат дека државата не придонесува за младите кои живеат во неразвиените рурални средини. Нешто повисок е процентот или безмалку 65 отсто младите се изјасниле дека државата не придонесува за младите лица кои живеат во сиромаштија. А голем е и процентот на младите кои посочиле дека државата не придонесува за сиромашните лица со попреченост“, велат од Младинскиот образовен форум.

Дополнителни проблеми за сиромашните лица сега е и продлабочувањето на здравствено-економската криза во енергетска криза. Тоа придонесе и за зголемување на цените не само на енергенските туки и на основните прехранбени производи, намирници кои најчесто ги купуваат лицата кои живеат во сиромаштија.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП