2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителот на „The North Face“ ја намали прогнозата за приходите

Производителот на „The North Face“ ја намали прогнозата за приходите

Производителот на патиките „Vans“ и спортската опрема „The North Face“ – „VF Corp.“ забележа пад на цената на акциите по намалувањето на годишната прогноза за приходи во услови на забавување на бизнисот со спортска облека и меѓународната продажба, пишува „Bloomberg“.

Компанијата сега очекува приход од околу 11,85 милијарди долари за фискалната година што завршува на 1-ви април, под претходната прогноза од 12 милијарди долари.

Прилагодената профитна маржа сега се очекува да биде најмалку 55%, или 1 процентен поен помалку од октомвриската прогноза на компанијата.

Лошите перформанси делумно се должат на поделбата „Active“ на „VF“, како и забавувањето на меѓународните приходи, бизнисот со директна продажба на потрошувачите и дигиталниот бизнис.

Во октомври, „VF“ рече дека продажбата на „Active“ во Кина била погодена од послабиот онлајн сообраќај кон странските брендови. Денес, компанијата ја намали својата прогноза за раст на приходите во сите региони надвор од Соединетите Држави, при што најголемите намалувања се проектирани за азиско-пацифичкиот регион.

Цената на акцијата на „VF“ падна за 5,3% пред почетокот на вчерашниот трговскиот ден во Њујорк. Вредноста на хартиите од вредност паднаа за 15% во претходните 12 месеци и е меѓу најлошите во „S&P 500 Consumer Discretionary Index“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП