23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка оствари рекодна добивка од 36 милиони евра за 2021 година

НЛБ Банка оствари рекодна добивка од 36 милиони евра за 2021 година

НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-декември 2021 година оствари нето добивка на износ од 2.219.107 илјади МКД и е зголемена за 30,2% во однос на претходна година.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2021 година се повисоки за 3,2% споредено со претходната година, при што приходите од камати се пониски за 0,2%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица, банки и штедилници и население, додека расходите по камати се пониски за 24,0% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 7,1% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 19,4% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и од трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 41,8%, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за услугите за работењето со готовина.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 958.684 илјади МКД и се зголемени во однос на претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и поради зголемени приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 5.167.258 илјади МКД и се повисоки за 14,7% во однос на претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 2.099.245 илјади МКД и се зголемени за 8,9% при што трошоците за вработени се повисоки за 6,1%, трошоците за амортизација се повисоки за 16,6%, останатите расходи од дејност се повисоки за 9,9% во однос на претходната година.

Заклучно со 31.12.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 576.512 илјади МКД или 14,3% помалку во однос на претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 46.323 илјади МКД.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП