26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple руши рекорди: Компанијата пријави историски 123,9 милијарди долари приходи во четвртиот...

Apple руши рекорди: Компанијата пријави историски 123,9 милијарди долари приходи во четвртиот квартал

Apple објави рекордни приходи од 123,9 милијарди долари во четвртиот квартал од 2021 година, што е за 11 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Продажбата на телефони и нето добивката на компанијата во последните 3 месеци од 2021 година скокнаа за 20 отсто на 34,6 милијарди, надминувајќи ги проектираните 31,1 милијарди.

Компанијата, исто така, ги надмина очекувањата на аналитичарите во однос на приходите (119 милијарди долари), како и приходите пријавени минатата година (111,4 милијарди долари).

Вредноста на акциите на Apple скокна за 5%, пренесува Financial Times.

Шефот за финансии Лука Маестри изјави за Фајненшл Тајмс дека проблемите со синџирот на снабдување кои влијаат на различни делови од економијата го чинат Apple „повеќе од 6 милијарди долари“ приход, што е сличен износ како и во последниот квартал. Инвеститорите очекуваа падот на понудата да биде поблиску за 10 милијарди долари.

Маестри посочи дека се решаваат проблемите во синџирот на снабдување, додавајќи дека очекуваат во март да постигнат рекордни приходи и оти очекуваат приходите да растат солидно во однос на 2021 година.

Технолошкиот гигант, кој достигна пазарна вредност од 3 трилиони долари во еден момент овој месец, рече дека продажбата на телефони сочинувала 58 отсто од вкупниот приход, што е за 9 отсто повеќе од 71,6 милијарди долари пред една година. Аналитичарите очекуваа 67,4 милијарди долари.

– Петте најпродавани смартфони во САД и Австралија се сите iPhone-и, изјави Маестри. „Четирите најдобри во урбаната Кина се сите iPhone уреди.

Приходите во Кина се зголемија за 21 отсто на 25,8 милијарди долари, додека продажбата во САД порасна за 11 отсто на 51,5 милијарди долари и продажбата во Европа за 9 отсто на 29,7 милијарди долари. Јапонија беше единствената слаба точка, со пад на продажбата за 14 отсто на 7,1 милијарди долари. Продажбата во остатокот од Азија се зголеми за 19 отсто на 9,8 милијарди долари.

Според истражувачката група Counterpoint, испораките на паметни телефони на Apple во Кина се зголемени за 32 отсто во споредба со пред една година на 50 милиони, заземајќи го првото место од Huawei, откако американските санкции ги намалија испораките на компоненти за кинеската групација.

Запрашан дали Apple воопшто го ревидира својот синџир на снабдување, извршниот директор Тим Кук рече: „Мислам дека нашиот синџир на снабдување навистина работи многу добро со оглед на недостигот.

Тоа е синџир на снабдување кој се движи брзо, циклусните времиња се кратки, има многу мало растојание помеѓу чипот што се произведува и пакува и излегува од фабриката. Значи, не гледам дека се прави фундаментална промена во синџирот на снабдување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП