16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nvidia“ размислува да се откаже од договорот за „Arm“?

„Nvidia“ размислува да се откаже од договорот за „Arm“?

Технолошкиот гигант „Nvidia“ тивко се подготвува да се откаже од купувањето на компанијата за чипови „Arm“ од „Softbank“, бидејќи речиси и да нема напредок во добивањето одобрение за договорот од 40 милијарди долари, објави „Bloomberg“, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

„Nvidia“ им кажа на своите партнери дека не очекува договорот да биде завршен, рече еден извор, кој побара анонимност поради приватниот карактер на разговорите. Во исто време, „Softbank“ ги забрзува подготовките за првичната јавна понуда на „Arm“ како алтернатива за купувањето од „Nvidia“, рече друг извор.

Купувањето, кое требаше да стане најголемата аквизиција на производителот на чипови кога беше објавено во септември 2020-та година, предизвика жестока реакција кај регулаторите и индустријата за полупроводници, вклучително и клиентите на „Arm“. Американската Федерална трговска комисија поднесе тужба за суспендирање на договорот во декември, тврдејќи дека „Nvidia“ ќе стане преголема и моќна доколку добие контрола над „Arm“.

Аквизицијата наиде на отпор и во Кина, каде властите се подготвени да го блокираат стекнувањето доколку добие одобрение на друго место, рече изворот. Сепак, тие не очекуваат дека договорот ќе оди толку далеку.

Раковдствата на „Nvidia“ и „Arm“ сè уште бараат регулаторно одобрение, велат изворите, а конечни одлуки не се донесени. Во текот на процесот, компаниите јавно ја задржуваат својата посветеност за купување.

„Продолжуваме да ги одржуваме позициите наведени во нашите неодамнешни регулаторни документи – дека овој договор дава можност да се забрза „Arm“ и да се зголеми конкуренцијата и иновациите“, рече портпаролот на „Nvidia“, Боб Шербин.

„Остануваме да се надеваме дека договорот ќе биде одобрен“, рече портпаролот на „SoftBank“.

Ако „Nvidia“ успее да продолжи со договорот, тоа би било огромен успех за извршниот директор Џенсен Хуанг, кој изгради империја во бизнисот со графички чипови. Тој веќе ја предводи највредната американска компанија во индустријата, со пазарна капитализација од над половина трилион долари.

Продажбата на „Arm“ е под сериозна контрола, бидејќи неговите чипови се користат во сè, од телефони до автомобили и фабричка опрема. Најголемите светски технолошки компании се потпираат на технологијата на „Arm“ и стравуваат дека би можеле да изгубат неограничен пристап доколку се префрли на „Nvidia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП