19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСеријата „Redmi Note 11“ ја краси нов дизајн и ниска цена

Серијата „Redmi Note 11“ ја краси нов дизајн и ниска цена

„Xiaomi“ претстави нова серија телефони – „Redmi Note 11“, која ја продолжува линијата на буџетски ориентирани уреди.

Беа претставени вкупно четири телефони, кои се разликуваат еден од друг само по неколку елементи.

Сите телефони се украсени, како што ги опишува „Xiaomi“, „со рамни рабови, трендовски дизајн“. Повеќето од спецификациите ги споделуваат најмалку два модели од линијата.

„Redmi Note 11 Pro 5G“ е најсилниот модел во новата линија и се напојува со процесор „Qualcomm Snapdragon 695“ со поддршка за 5G и до 8 GB RAM. Има 6,67-инчен OLED екран, со стапка на освежување од 120 Hz и резолуција од 1080p. Се напојува со батерија од 5.000 mAh со поддршка за полнење од 67 W. На задната страна е систем со главна камера од 108 MP, ултра широка 8MP и макро камера од 2MP. Ова е и единствениот телефон во линијата што нема „длабочинска“ камера од 2MP.

„Redmi Note 11 Pro“ во суштина е идентичен со моделот „Pro 5G“, со таа разлика што користи „MediaTek Helio G96“ чипсет и има поддршка за поврзување со LTE.

„Redmi Note 11“ има чипсет „Snapdragon 680“, помал LCD екран од 6,34 инчи со стапка на освежување од 90 Hz и резолуција од 1080 p, главна камера од 50 MP, поддршка за брзо полнење од 33 W и RAM до 6 GB.

„Redmi Note 11S“ го има истиот екран како што беше споменато погоре, како и поддршка за полнење од 33 W. Чипсетот е „Helio G96“, додека полето на камерата има главен сензор од 108 MP. Моделот е достапен до 8 GB RAM меморија.

Сите споменати телефони „Redmi Note 11“ имаат батерии од 5.000 mAh, сензор за отпечатоци од страната на рамката, приклучок за слушалки и простор за складирање до 128 GB.

Телефоните доаѓаат со корисничкиот интерфејс „MIUI 13“, кој се базира на оперативниот систем „Android 12“.

Моделите „Redmi Note 11 Pro“ и „5G“ ќе бидат достапни од февруари, по почетна цена од 300 долари за моделот 6GB / 64GB без поддршка за 5G и 330 долари за моделот 5G. Цените за „Redmi Note 11“ и „11s“ се движат од 180 долари за 4GB / 64GB (Note 11) и 250 долари за 6GB / 64GB за „Note 11s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП