8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВојник на украинската национална гарда уби пет лица, има и ранети

Војник на украинската национална гарда уби пет лица, има и ранети

Припадник на украинската национална гарда од непозната причина уби петмина обезбедувачи во фабрика за оружје во централна Украина, пишува Ројтерс. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека војникот пукал од калашников, по што побегнал со оружјето. Полицијата трага по него, а мотивите за злосторството не се познати.

Во нападот се повредени уште пет лица.

Нападот се случи во четвртокот во Днепар, во фабрика за ракетни мотори додека им се издавало оружје на стражарите, се вели во соопштението.

Напаѓачот отворил оган од калашников, а по инцидентот побегнал.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека напаѓачот пукал од калашников, по што побегнал со оружје. Полицијата трага по него, а мотивите за злосторството не се познати.

„Пет лица загинаа, а пет други се ранети“, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Нападот во Днепар доаѓа во време на голема тензија меѓу Русија и Украина. Руските трупи веќе некое време се позиционирани на границата со Украина, поради што многумина стравуваат од инвазија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП