3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ericsson“ ги надмина прогнозите со побарувачката за „5G“

„Ericsson“ ги надмина прогнозите со побарувачката за „5G“

„Ericsson“ ја надмина кварталната прогноза за заработка на својата основна дејност, со што цената на акциите се зголеми за 8 отсто, бидејќи глобалната побарувачка за телекомуникациска опрема за „5G“ мрежи ја надомести поголемата рецесија во континентална Кина.

Шведската компанија го губи теренот во Кина откако Шведска му забрани на „Huawei“ да учествува во „5G“ мрежата на земјата. На Кина сега отпаѓа само еден процент од приходите на групата, што е повеќе од 11 отсто пред шведската забрана, велат од компанијата.

Сепак, „Ericsson“ ги компензира проблемите благодарение на големата побарувачка на други места.

„Гледаме дека Северна Америка продолжува да расте многу силно. Таму забележавме раст од 16% во кварталот во постојани валути“, изјави главниот финансиски директор Карл Меландер.

Иако оживеаната „Nokia“ ја засили конкуренцијата на некои пазари, „Ericsson“ успеа да порасне и во Европа и во Латинска Америка во четвртиот фискален квартал.

Кина рано ги лансираше своите „5G“ мрежи, но другите земји го достигнуваат чекорот. Досега „Ericsson“ има потпишано 170 договори за „5G“.

„Сметаме дека сè уште е релативно рано да се имплементира „5G“ ако погледнете низ целиот свет, така што ќе продолжиме да уживаме во добра побарувачка за „5G“ во иднина“, рече извршниот директор Борге Еколм.

Кварталната приспособена оперативна добивка се зголеми на 11,9 милијарди шведски круни (1,28 милијарди долари) од 11 милијарди шведски круни една година порано. Таа ја надмина просечната прогноза на аналитичарите од 10,30 милијарди круни, според „Refinitiv“.

Без трошоците за реструктуирање, оперативниот профит се искачи на 12,3 милијарди круни.

Иако вкупните квартални приходи се зголемија за 2% до 71,3 милијарди круни, надминувајќи ја прогнозата од 68,33 милијарди круни, приходите од продажба во континентална Кина се намалија за 1,8 милијарди круни.

„Континентална Кина најверојатно ќе забележи пад на приходите барем уште еден квартал“, рече Меландер.

Заработката за првиот квартал ќе биде погодена и од тужба со „Apple“ за плаќања за патенти. Приходите од патенти за истиот извештајен период се очекува да бидат од 1-1,5 милијарди круни, т.е. помалку од 2,4 милијарди круни за четвртиот квартал.

Компанијата, која има најголем готовински тек во својата историја, го проширува своето „5G“ портфолио преку аквизиции, трошејќи повеќе од 7 милијарди долари за купување на две компании.

„Спојувањата и превземањата се дел од нашите политики за создавање вредност… Можеме да очекуваме поголема активност на полето на спојувања и превземања“, додаде Меландер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП