17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПо гребење, горење и свиткување на екранот - дали смартфонот функционира? (ВИДЕО)

По гребење, горење и свиткување на екранот – дали смартфонот функционира? (ВИДЕО)

Флексибилниот телефон „Oppo Find N“ е тестиран на издржливоста ос страна на познатиот „Јутубер“.

Благодарение на Зак, од каналот на „YouTube“ – „JerryRigEverything“, имаме можност самите да се увериме во издржливоста на флексибилниот телефон „Oppo Find N“.

Надворешниот екран на телефонот има фабрички додадена заштита, додека стаклото е „Gorilla Glass Victus“ и е изгребано од шестото ниво на скалата на „Moss“, со подлабоки засеци на седмото ниво.

Кога станува збор за внатрешниот екран, ситуацијата е нешто поинаква. Флексибилните екрани се помеки од стандардните екрани, така што на второто ниво се појавуваат постојани гребнатини.

Рамката на телефонот е изработена од метал, вклучувајќи ги и копчињата за јачина на звук. Задниот дел е изработен од стакло со текстура, додека сензорите на камерата исто така се заштитени со стакло и се отпорни на гребење.

„Oppo Find N“ без проблем го помина тестот за палење на екранот со запалка, а потоа дојде редот на тестот за прашина. Откако фрлил грст песок на внатрешниот екран и насилно го затворил неколку пати, штетата беше помала од очекуваната, а шарката не дозволувала да помине ниту една честичка.

Конечно, телефонот е подложен на тест за свиткување. Структурата и шарката на телефонот „Oppo Find N“ се силни. Зак не успеа да го свитка (или скрши) телефонот ниту во затворен, ниту во отворен формат. Покрај тоа, структурата на телефонот не е променета.

„Oppo Find N“ моментално е достапен само во Кина, а се очекува да биде претставен и глобално. Доколку тоа се случи, тоа би било сериозна конкуренција на моделот „Galaxy Fold 3“ на „Samsung“, од кој е многу поевтин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП