Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 % во однос на одлуката од 17.1.2022 година.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 2,00 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,386 денар/килограм и сега изнесува 44,213 ден/кг.
Од 25.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС–95 78,50 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС–98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,213 (денари/килограм)