13 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИРастот на приходите на „ByteDance“ забавува

Растот на приходите на „ByteDance“ забавува

Приходите на кинескиот гигант на социјалните мрежи „ByteDance“ се зголемија за околу 70 отсто во минатата година на речиси 58 милијарди долари, забавувајќи ја неговата стапка на раст во однос на претходната година.

Ова доаѓа во време кога Пекинг ја заострува регулацијата на интернет секторот во Кина, а економското забавување влијаеше на приходите од реклами.

Матичната компанија на „TikTok“ и кинескиот еквивалент на услугата „Douyin“ ги споделија податоците за финансиското работење со некои од високите менаџери во оваа недела, додаваат изворите. Во 2020-та година, приходите на „ByteDance“ се зголемија повеќе од двојно од 2019-та година на 34,3 милијарди долари.

Портпаролот на „ByteDance“ не одговори на барањето за коментар.

Во текот на изминатата година, кинеските власти воведоа нови правила за собирање податоци и антимонополски прописи за да го контролираат влијанието на најмоќните технолошки компании во земјата. Кинеските лидери го критикуваа огромното зголемување на капиталот и изразија загриженост за ризиците за сајбер безбедноста и социјалната стабилност што произлегуваат од технолошките гиганти „контролата на податоците на милиони граѓани и нивното влијание врз секојдневниот живот“.

Во последниот квартал, за кој објавија резултати, кинеските гиганти како „Tencent Holdings“, „Alibaba Group Holding“ и „Baidu“ се соочија со забавување на растот на приходите на годишна основа. Новите регулативи и забавувањето на економскиот раст ги наведоа компаниите во овој сектор да отпуштат илјадници вработени.

„ByteDance“ е еден од најжешките кинески стартапи, неодамна проценет на 180 милијарди долари по кругот на финансирање кон крајот на 2020-та година. Инвеститорите во компанијата се „Sequoia Capital“ и „SoftBank Group“. Што се однесува до бизнис моделот, компанијата се потпира на рекламирање за најголемиот дел од приходите.

По години на силен раст на приходите и бројот на нови корисници на двете најпопуларни кинески апликации на „ByteDance“ – „Douyin“ и агрегаторот на вести „Toutiao“, се чини дека го достигнаа врвот, велат извори запознаени со ова прашање.

Во ноември, „ByteDance“ им кажа на своите вработени дека нејзиниот адвертајзинг бизнис во Кина стагнира неколку месеци поради силната конкуренција и послабата деловна средина, додадоа два извора, повикувајќи се на построгите регулативи во голем број индустрии во земјата, вклучително и образованието, онлајн трговијата и недвижмиот имот.

Во последниве години, „ByteDance“ се прошири во образованието, игрите и други деловни области. Но, компанијата почна да се повлекува од некои кон средината на минатата година како дел од реорганизацијата што ја презеде новиот претседател Лиане Рубо за да ги намали трошоците и подобро да ги организира операциите, додаваат два извора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП