3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо Кина го претставија најтенкиот телефон во светот

Во Кина го претставија најтенкиот телефон во светот

Vivo-X3

Кинеската компанија „Vivo“ тврди дека нејзиниот нов смартфон „Vivo X3“ кој е со дебелина од 5,75 мм е најтенок во светот.

Овој телефон е многу потенок од „Huawei Ascend P6“, но не и во споредба со уште потенкиот „Umeox X5“, кој ќе биде претставен во текот на следните неколку недели.

„Huawei Ascend P6“ беше лидер до овој момент со дебелина од 6.18 мм. По претставувањето на моделот „Umeox X5“, кој треба да е со дебелина од 5,6 мм, ќе биде појасно кој ќе биде новиот лидер кај тенките телефони.

„Vivo X3“ има 5-инчен 720p HD екран, 1.5GHz quad-core процесор A7, 8 мегапикселна задна (со LED блиц) и 5-мегапикселна предна камера, 1GB RAM меморија од 16 GB. Смартфонот ќе се продава по цена од 408 долари во Кина. Компанијата нема во план да го продава својот паметен телефон надвор од земјата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП