29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Airbus“ ќе вработи 6.000 луѓе ширум светот

„Airbus“ ќе вработи 6.000 луѓе ширум светот

Европскиот производител на авиони „Airbus“ планира да вработи 6.000 вработени ширум светот во првата половина од годинава, објави компанијата.

Портпаролката на концернот не можеше да каже колку од слободните работни места се новоотворени и колку стари позиции се обновени, кои поради кризата беа затворени. Според соопштението, околу една четвртина од новите работни места ќе вклучуваат позиции со барања за нови вештини, на пример во областа на сајбер технологијата или дигитализацијата. На крајот на првата половина од годината, групата со седиште во Тулуз повторно ќе го процени бројот на надворешни вработувања.

„Вработувањето ќе ни помогне да растеме додека излегуваме од кризата, истовремено подготвувајќи се за долгорочна трансформација на компанијата“, рече Тиери Барил, шеф на одделот за човечки ресурси на „Airbus“.

Овој потег покажува зголемено чувство на оптимизам во „Airbus“ дека авионската индустрија можеби конечно ќе излезе од кризата по неколку неуспеси. Компанијата се подготвува да го зголеми производството на својот водечки модели од семејството на авиони со тесно тело „А320“, со цел да ги надмине нивоата на производство пред пандемијата до средината на следната година.

Поради сериозното влијание на кризата со коронавирус врз воздухопловната индустрија на крајот на јуни 2020-та година, „Airbus“ објави дека ќе укине 15.000 работни места ширум светот. Сепак, подоцна беше појаснето дека тие би можеле да бидат неколку илјади помалку. Минатата година (од 30-ти септември) групацијата имаше речиси 126.000 вработени ширум светот. „Airbus“ има за цел да лансира авион со погон на водород до 2035-та година, а околу една четвртина од новите работни места ќе бидат фокусирани на долгорочни проекти како што се декарбонизација, дигитална трансформација и сајбер технологија. Една третина од вкупниот број вработувања ќе бидат за млади дипломирани студенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП