26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОмикрон ја поттикна „P&G“ да ја зголеми прогнозата за приходите

Омикрон ја поттикна „P&G“ да ја зголеми прогнозата за приходите

Компанијата за широка потрошувачка „Procter & Gamble“ ги надмина своите квартални прогнози за приходи од продажба, поддржани од повисоките цени и обновената побарувачка за производи за чистење поради зголемениот број случаи на Ковид-19.

Цената на акцијата на „P&G“ се зголеми за 1,8% пред почетокот на трговскиот ден, откако компанијата ја зголеми својата прогноза за годишен раст на органски приходи од продажба на 4-5% од претходните 2-4%.

Од „P&G“ велат дека продажбата на нејзиниот оддел за домашни производи – најголемиот сегмент во компанијата, кој вклучува брендови како „Tide“ и „Mr.Clean“ порасна за 7% во вториот квартал на годишна основа. Причината за ова е брзото ширење на омикрон варијантата на коронавирусот од крајот на минатата година, што ги натера потрошувачите да складираат детергенти и производи за чистење на различни површини.

Вкупните нето-продажби се зголемија за 6% на 20,95 милијарди долари во кварталот на годишна основа, поддржани и од зголемувањата на цените што компанијата ги воведе во минатата година за да се справи со повисоките трошоци за суровини и транспорт. Просечната прогноза на аналитичарите беше 20,34 милијарди долари приход, според „Refinitiv“.

„P&G“ соопшти дека сега очекува да претрпи удар од 2,8 милијарди американски долари за транспортот и трошоците за суровини во оваа фискална година од претходната прогноза од 2,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП