19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ потворно на врвот

„Apple“ потворно на врвот

„Apple“ повторно е на врвот, бидејќи испорача најмногу паметни телефони од сите производители во четвртиот квартал од минатата година. Претходно, компанијата повторно го зазеде второто место во третиот квартал, а сега го надмина „Samsung“ и го обезбеди првото место. Сето ова е благодарение на силните продажни перформанси на серијата „iPhone 13“.

Всушност, аналитичарите во „Canalys“ ги нарекоа испораките на „iPhone“ во континентална Кина „невидени“. Синџирот на снабдување на „Apple“ се опоравува, но сè уште не можеше да произведе доволно „iPhone“ модели за да ја задоволи побарувачката, па мораше да им даде приоритет на некои пазари пред другите.

Компанијата од Купертино не е единствената која се бори со снабдувањето. „Canalys“ предупредува дека на големите производители ќе им требаат години да го прошират својот капацитет за производство на чипови. Како резултат на тоа, производителите на паметни телефони се повеќе мораа да бараат нови добавувачи и да ги ребалансираат нивните производни линии за да се фокусираат на најпродаваните модели.

„Samsung“, кој го имаше првото место во Q1, Q2 и Q3, падна на второто место, но е поблиску до „Apple“ отколку во последниот квартал од 2020-та година. Ова е природен циклус за „Apple“ – новите „iPhone“ модели се лансираат во септември или ноември, што води до скок во продажбата, а потоа работите се смируваат и „Samsung“ се враќа на првото место.

Сепак, во четвртиот квартал од 2020-та година, „Apple“ и „Samsung“ контролираа 23% и 17% од пазарот, додека во четвртиот квартал од 2021-ва година бројките беа 22% и 20%. „Xiaomi“, „Oppo“ и „Vivo“ (кои ги заокружуваат Топ 5 производители) се во процентен поен во споредба со она што беа пред една година. Проблемите во синџирот на снабдување го попречија растот на пазарот, па кварталните испораки за четвртиот квартал минатата година беа само 1% повисоки отколку во истиот период во 2020-та година. Недостигот на компоненти ќе почне да се намалува дури во втората половина на оваа година, предвидуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП