19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Hugo Boss“ ги надмина целите за 2021-ва по силниот четврти квартал

„Hugo Boss“ ги надмина целите за 2021-ва по силниот четврти квартал

Германската модна куќа „Hugo Boss“ објави дека ја надминала целта за годишни приходи од продажба, откако резултатите од четвртиот квартал и помогнаа да се врати на нивоата речиси пред пандемијата, пренесува „Reuters“.

Компанијата соопшти дека нејзиниот приход се зголемил за 43 отсто во 2021-ва година на 2,786 милијарди евра, откако ги земала предвид валутните ефекти. Тоа значи дека приходите се само 1% под оние од резултатите за предпандемиската 2019-та година, кога достигнаа 2,884 милијарди евра.

Компанијата ја зголеми својата годишна прогноза во октомври, објавувајќи дека очекува да забележи раст од 40% по прилагодувањето на валутата, благодарение на силната побарувачка во Европа, Северна и Јужна Америка.

Оперативната добивка за 2021-ва година се очекува да изнесува 228 милиони евра. Во октомври, гигантот ја зголеми својата прогноза на опсег од 175 до 200 милиони евра, од претходната прогноза од 125 до 175 милиони евра.

Приходите од продажба за четвртиот квартал достигнаа 906 милиони евра, или 55% повеќе од една година порано, соопштија од „Hugo Boss“.

Целосниот финансиски извештај се очекува да биде објавен на 10-ти март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП