„САД ќе одговорат“ остро „ако Русија“ ја премине украинската граница“, соопшти Белата куќа откако американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека ситуацијата“ може да излезе од контрола „во случај на напад врз Украина.„Ако руските воени сили ја преминат украинската граница, тоа ќе биде нова инвазија… Таков напад ќе наиде на брз, остар и обединет одговор од САД и нивните сојузници“, изјави доцна синоќа портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Бајден претходно на прес-конференција во Белата куќа, на прашањето за ризикот од директен конфликт меѓу НАТО и Русија, во случај Москва да ја нападне Украина, рече дека „ситуацијата може да излезе од контрола“.

