28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“ и „Visa“ се блиску до примирје

„Amazon“ и „Visa“ се блиску до примирје

Американскиот онлајн гигант „Amazon“ се откажа од планот да им забрани на потрошувачите кои користат „Visa“ кредитни картички издадени во Велика Британија, откако двете компании работат на „потенцијално решение“ на спорот, што може сериозно да влијае на купувачите, пишува „Financial Times“.

Најголемиот светски трговец на мало го објави својот план за забрана во ноември. Како причина за одлуката тој ги наведе „високите такси што „Visa“ ги наплаќа за обработка на трансакциите со кредитни картички“. Тој, исто така, ги советуваше потрошувачите да се фокусираат на новите начини на плаќање.

Сепак, „Amazon“ соопшти дека „очекуваната промена во користењето на „Visa“ кредитните картички на „Amazon.co.uk“ нема да стапи на сила на 19-ти јануари“. Групата додаде дека „тесно соработува со „Visa“ за да се постигне потенцијално решение што ќе им овозможи на потрошувачите да продолжат да ги користат своите кредитни картички „Visa“ на „Amazon.co.uk“.

Потегот на „Amazon“ многумина го сметаа за преговарачка тактика, додека извршниот директор на „Visa“, Ал Кели го нарече „невообичаен“.

„Amazon“, чија база на клиенти значително се зголеми бидејќи се повеќе луѓе почнаа да купуваат онлајн за време на пандемијата, работи со алтернативни компании за плаќање. „Visa“, заедно со својот конкурент „Mastercard“, е доминантна сила во плаќањата со децении.

За разлика од „Mastercard“ и „American Express“, „Visa“ не нуди заеднички брендирани картички со „Amazon“ во Британија. Кога беше објавена забраната, спорните картички беа меѓу алтернативите што „Amazon“ им ги понуди на потрошувачите.

На крајот на 2020-та година, „Visa“ држеше околу една третина од пазарот на кредитни картички во Велика Британија, „Mastercard“ – 62%, а остатокот падна на „American Express“, според најновите податоци на „UK Finance“.

„Клиентите на „Amazon“ можат да продолжат да ги користат „Visa“ картичките на „Amazon.co.uk“ по 19-ти јануари, се додека тесно соработуваме за да постигнеме договор“, велат од „Visa“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП