20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Dacia“ станува само електричен бренд до 2030-та

„Dacia“ станува само електричен бренд до 2030-та

По 2030-та година, брендот „Renault“ ќе продава само електрични автомобили во Европа, изјави извршниот директор на „Renault Group“, Лука де Мео, откривајќи детали за непосредните планови на производителот.

„Засега ова е само прелиминарна цел, која може да се ревидира во зависност од развојот на пазарот и мрежата за полнење, но „Renault“ е на пат да стане производител на целосно електрични автомобили до 2030-та година“, рече шефот на француската компанија.

Веќе оваа година, „Renault“ ќе го претстави новиот „Megane“, кој ќе ја лансира целосната електрификација на марката, а потоа и електричната верзија на легендарниот „Renault 5“. Двата модели ќе се произведуваат во фабриката на компанијата во северна Франција.

„Романската „Dacia“ ќе го следи „Renault“ на патот на електрификацијата, но ќе продолжи да се позиционира на ист начин за да не се бара од нас да ги зголемуваме цените на неговите модели“, рече Де Мео. Тој додаде дека до 2030-та година „Renault“ подготвува меѓу 25 и 27 модели на електрична енергија, што ќе стане најконкурентната палета на производи на групацијата во последните 30 години.

Шефот на „Renault“ исто така рече дека кризата со микрочипови се одразила на резултатите на концернот, бидејќи тие произвеле 500.000 автомобили помалку. Тој очекува кризата да помине во втората половина од годината и покрај тоа што „Renault“ заштеди 2 милијарди евра. Ова е постигнато со елиминирање на позициите, намалување на трошоците за развој на нови модели и обединување на делови и компоненти.

Францускиот производител ја проширува својата стратегија за користење на заедничка платформа од различни марки, бидејќи новите „SUV“ модели на „Lada“ и „Renault“ ќе ја користат основата на „Dacia Duster“, објасни за возврат главниот инженер на „Renault Group“, Жил Ле Борн. Падот на продажбата е компензиран со промената на трговската политика, цените се зголемија и „Renault“ сега продава и на поединци и на компании.

„Исто така, многу сум задоволен што ги смиривме односите со нашите партнери „Nissan“ и „Mitsubishi“, кои беа сериозно затегнати во последните години“, рече шефот на „Renault“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП