25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ е во неволја? Одложен чипот „Exynos 2200“!

„Samsung“ е во неволја? Одложен чипот „Exynos 2200“!

„Samsung“ требаше да го официјализира својот нов чипсет „Exynos 2200“ на 11-ти јануари, но тоа не се случи, а оригиналниот твит со кој ја најавуваше објавата беше избришан.

Популарниот свиркач „Ice Universe“ тврди дека официјалното објавување на чипсетот е одложено.

Според јужнокорејските медиуми, „Samsung“ планира да ја претстави серијата на телефони „Galaxy S22“ на 8-ми февруари, додека продажбата на уредот ќе започне на 24-ти февруари. Ова значи дека има уште време до пуштањето на чипот „Exynos 2200“ пред да се официјализира серијата „S22“.

Меѓутоа, промените во последен момент јасно укажуваат дека има некои проблеми. Останува непознато дали чипот „Exynos“ ќе биде подготвен за издавањето на „Galaxy S22“.

Исто така, се поставува прашањето колку копии од чипсетот и телефони „Samsung“ ќе може да произведе.

Глобалниот недостиг на чипови е сè уште актуелен, што може да влијае на ограничената достапност на новата серија на премиум телефони на „Samsung“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП