28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple откри колку развивачите на апликации заработиле од основање на AppStore

Apple откри колку развивачите на апликации заработиле од основање на AppStore

Apple објави статистика, која покажува колку заработиле развивачите на апликации од основањето на AppStore.

AppStore беше лансиран во јули 2008 година, а од објавувањето на продавницата, развивачите на апликации заработиле повеќе од 260 милијарди долари само од дигитални производи и услуги.

Оваа информација ја објави самиот Apple, кој посочува дека во текот на 2021 година, програмерите во AppStore заработиле 60 милијарди долари.

Компанијата не објави конкретна бројка, но посочува дека за време на празничната сезона е забележана најголема потрошувачка која ја имале корисниците во AppStore, од основање на услугата.

Во однос на празничната сезона од 2020 година, остварен е двоцифрен раст на продажбата на апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП