24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Unicredit“ може да купи банка во Русија

„Unicredit“ може да купи банка во Русија

Италијанската банка „Unicredit“ очигледно е заинтересирана за можното купување на руската банка „Откритие“, која беше спасена од државата пред неколку години. Извршниот директор Андреа Орсел има намера повторно да го прошири присуството на „Unicredit“ во Источна Европа, велат извори запознаени со ова прашање.

Според нив, „Unicredit“ неделава ќе почне инспекција во банката. Банката со седиште во Милано ангажирала консултант да ги прегледа книгите на кредиторот од Москва и очекува процесот да биде завршен за неколку недели, велат луѓето кои не сакаа да бидат именувани.

„Откритие“ е руска системски важна банка која беше национализирана во 2017-та година како дел од најголемата спасувачка операција во земјата, откако пропадна поради лошите заеми, од кои повеќето беа доделени на нејзините сопственици.

Интересот на „Unicredit“ за руската експанзија е во спротивност со трендот од последниве години, кога некои странски заемодавачи, како што е „Deutsche Bank“, го намалија своето локално присуство бидејќи санкциите и ризиците за усогласување силно ги натераа бизнисите. Освен „Unicredit“, во земјава сè уште се присутни австриската „Raiffeisen Bank International“ и француската „Société Générale“.

Портпаролите на двете банки одбија да ја коментираат темата.

Договорот би бил успех за Орсел, ветеран на зделки, по неуспешните разговори со италијанската влада за преземањето на скандалозниот „Monte dei Paschi di Siena“ во минатата година. Тоа веќе ја сигнализира можноста за преземање, а бизнисот во Централна и Источна Европа е веќе суштински за „Unicredit“.

Според „Banki.ru“, „Откритие“ е седма по големина руска банка со вкупна актива од над 3,3 трилиони рубљи (39 милијарди евра).

„Unicredit“, кој е присутен во 13 европски земји на крајот на септември имаше околу 87.000 вработени.

Руската централна банка, која е сопственик на „Откритие“ од спасувачката програма, во август соопшти дека започнала со подготовки за првична јавна понуда, но дека размислува и за продажба на стратешки инвеститор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП