27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропскиот конкурент на „Uber“ е веќе проценет на 8,4 милијарди долари

Европскиот конкурент на „Uber“ е веќе проценет на 8,4 милијарди долари

Конкуренцијата на „Uber“ во Европа продолжува да расте, пишува „CNBC“.

Естонската компанија за споделени патувања „Bolt“ објави дека добила средства од 628 милиони евра (711 милиони долари) во последниот круг на собирање средства.

Во претплатата учествуваа некои од сегашните инвеститори во компанијата, како и „Sequoia Capital“, „Fidelity“, „Whale Rock“, „Owl Rock“ и други, кои осумгодишната компанија ја проценуваат на 7,4 милијарди евра, што е еднакво на 8,4 милијарди долари.

Тоа е далеку над нејзината проценка од 4,8 милијарди долари пред пет месеци.

Основана во 2013-та година, компанијата стана главен конкурент на „Uber“, на некои големи пазари како Лондон и Париз. Таа продолжува да расте, сега има електрични скутери, а исто така испорачува храна и нарачки од супермаркетите.

Денес, „Bolt“ има над 100 милиони клиенти во 45 земји во Европа и Африка.

„Веројатно ќе бидеме котирани на берзата, но мислам дека тој чекор не ни треба во моментов“, изјави извршниот директор и ко-основач на „Bolt“, Маркус Вилиг.

Тој смета дека неговата компанија во иднина ќе се фокусира главно на снабдувањето со храна. Денес, „Bolt“ ги прави овие испораки за 15 минути, а услугата „Bolt Market“ е достапна во 10 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП