28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus го откри моделот GX

Lexus го откри моделот GX

lexus gx

„Lexus“ и официјално го претстави  моделот „GX“, откако една недела претходно фотографиите од него процурија на интернет. Овој модел ќе биде препознатлив по тоа што доби нов преден дел со истакната решетка на моторот.

lexus gx2

Возилото исто така доби и „LED“ светла, редизајнирана задна светлосна група и нов заден браник. Промените во рамките на ентериерот се ограничени, но вклучуваат унапредени украси и нов информациско-забавен систем.

lexus gx4

Овој систем го карактеризира екран чувствителен на допир со дијагонала од 8 инчи. Исто така е достапен и новиот „Premium“ пакет кој додава кожни седишта кои имаат греење и вентилација, потоа трозонска клима, „Intuitive Parking Assist“ и „GPS“ навигација.

lexus gx3

Доколку ова не е доволно импресивно, „GX Luxury“ нивото на опрема има дополнително адаптивно воздушно потпирање, „Intuitive Parking Assist“ и „Blind Spot Monitor“ со опцијата „Rear Cross Traffic Alert“. И овој модел исто така поседува „GPS“ навигација и 18 инчни алуминиумски тркала.

За погонот на овој модел е обезбеден 4.6L V8 мотор кој развива 301ks и 445Nm вртежен момент. Овој мотор е поврзан со шестстепен автоматски менувач кој ја испорачнува моќта на сите четири тркала со централно диференцијално ограничување на пролизгувањето.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП