24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПоевтиниот „iPhone SE 5G“ би можел да пристигне во март

Поевтиниот „iPhone SE 5G“ би можел да пристигне во март

Се појавија нови претпоставки за периодот на излегување на поевтиниот модел „iPhone SE“, со поддршка за 5G.

Со моделот „iPhone SE“, „Apple“ сака да лансира поевтина верзија на својот телефон за сите оние кои не сакаат да плаќаат премиум цена за класичните модели.

Сепак, за да постигне пониска цена, „Apple“ мораше да направи некои компромиси и да изостави одредени карактеристики од поевтината линија на „iPhone“. Ова вклучува поддршка за 5G, што недостасуваше во последниот модел на „iPhone SE“ од 2020-та година.

Тоа, според наводите, ќе се смени годинава. Марк Гурман од „Bloomberg“ тврди дека „Apple“ ќе го претстави моделот „iPhone SE 5G“ за време на настанот што ќе се одржи во март.

„Apple“ обично е домаќин на неколку настани во текот на годината, воведувајќи нови производи, софтвер или услуги. Првиот од нив обично се одржува во текот на март.

Според гласините, „iPhone SE“ за 2022-ра година ќе го задржи истиот дизајн како и претходните „SE“ модели и ќе добие помала надградба на процесорот, повеќе RAM, подобра камера и поддршка за 5G.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП