25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на првиот турски електричен автомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Премиера на првиот турски електричен автомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Првиот турски автомобил „Togg“ беше изложен на најголемиот светски саем за потрошувачка електроника „CES 2022“ во Лас Вегас во Соединетите држави, јави новинската агенција Анадолија.

Во соопштението од менаџментот на турската компанија се вели дека концептот на првиот турски автохтон автомобил во Турција е лансиран со цел да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост е 100 отсто во сопственост на Турција и која го формира јадрото на турскиот екосистем за мобилност.

Извршниот директор на турскиот производител Гурџан Каракас во таа прилика изјави дека тие не се класична автомобилска компанија.

„Ние се дефинираме како технолошка компанија. Затоа сме на „CES“, место за состаноци за иновации и технолошки пионери. Ние сме технолошка компанија која работи на полето на мобилноста, основана во географска област каде што се среќаваат Истокот и Западот, разумот и емоции. Во новиот свет, каде што автомобилската индустрија брзо се трансформира во екосистем за мобилност, ние создаваме решенија за мобилност, ставајќи ги корисниците и податоците во фокусот на акцијата“, рече Каракас.

Саемот за потрошувачка електроника „CES 2022“ се одржуваше од 5-ти до 7-ми јануари во Лас Вегас.

„Togg“ претходно најави дека ќе започнат со тест производство на автомобилот на крајот на јули 2022-ра година.

Компанијата има за цел да произведе електрични компактни теренци до крајот на 2022-ра година како дел од масовното производство на возила. По завршувањето на тестовите за хомологација, првиот „SUV“ во сегментот „C“ ќе биде лансиран на пазарот во првиот квартал од 2023-та година.

Во долината на технологијата Гебзе во Турција на 27-ми декември 2019-та година се одржа церемонијата „Патот до иновациите“, на која беше претставен прототипот на првиот турски автомобил, уште еден од низата технолошки и индустриски достигнувања на Турција во изминатите две децении.

Во октомври 2021-ва година, раководството на „Togg“ објави дека се извршени сите аеродинамички и аероакустични тестови на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП