18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДесет намирници кои не треба да се јадат на празен стомак

Десет намирници кои не треба да се јадат на празен стомак

1. Цитрусово овошје

Киселините често може да се јават како последица на внес на овошни киселини на празен стомак. Гастритис и чирови можат да настанат како последица на честото консумирање на цитрусни овошја на празен стомак.

2. Ладни газирани пијалоци

Доколку се консумираат на празен стомак, ладните газирани пијалоци можат да предизвикаат оштетување на слузокожата на мембраната и да го намали дотокот на крвта во стомакот. Како последица на тоа може да дојде до забавено варење и тешкотии во пределот на стомакот.

3. Банани

Доколку јадете банани на празен стомак, тие можат да доведат до нагло растење на нивото на магнезиум во крвта, што може да доведе до оштетување на срцето.

4. Зачинета храна

Предизвикува оштетување и иритација на дигестивниот тракт. Зголеменото ниво на киселини во стомакот, исто така, е една од последиците од консумирањето на силно зачинета храна на празен стомак.

5. Краставица и друг зелен зеленчук

Сировата краставица и останатиот зелен зеленчук е богат со амино-киселини. Тие можат да предизвикаат горчина и болки во пределот на горниот дел од стомакот.

6. Домат

Ова овошје содржи високо ниво на танин кое доведува до зголемување на киселоста во стомакот, а како последица на тоа е честата појава на гастритис.

7. Круши

Сировите влакна од крушата можат лошо да влијаат на вашиот стомак и да предизвикаат нелагодности во стомакот, мачнини и лошо варење.

8. Млечни производи

Млечните киселини кои ги внесуваме преку производите се намалени од страна на хлороводородните киселини во стомакот. Затоа млечните производи имаат многу мал бенефит за нашиот организам кога ги консумираме на празен стомак.

9. Слатки

Внесувањето на слатки на празен стомак предизвикува нагло растење на нивото на инсулин, а тоа може да има лошо влијание на панкреасот.

10. Лиснато тесто

Квасецот кој се содржи во тестото може значајно да го иритира стомакот и да предизвика надуеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП