29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот би можел да го надмине пазарниот удел на златото

Биткоинот би можел да го надмине пазарниот удел на златото

Златото наскоро би можело да добие конкуренција на инвестицискиот пазар и да го предаде на биткоинот својот удел од статусот на универзална вредност, според американската инвестициска банка Голдман Сакс.

Биткоинот би можел да го надмине пазарниот удел на златото во 2022 година, велат аналитичарите на познатата банка на Волстрит во анкетата што им ја испратиле на своите клиенти, бидејќи вредноста на криптовалутите расте, како и побарувачката за нив кај инвеститорите.

Зак Пандл, аналитичар во банката, вели дека биткоинот ќе заземе поголем дел од инвестицискиот пазар во 2022 година од сегашните 20 проценти, проценувајќи дека пазарната капитализација на таа криптовалута е 700 милијарди долари, додека уделот на златото во глобалните инвестиции е околу 2,6 трилиони долари.

Доколку вредноста на биткоинот надмине 100.000 долари, тоа би значело дека тој ќе има 50 отсто удел на инвестицискиот пазар, пренесува RT.

Според последните податоци од средата попладне, вредноста на биткоинот изнесувала 46.456 долари. Историски гледано, најголемата вредност на биткоинот беше во ноември минатата година, кога само еден од овој токен вредеше 69.000 долари.

На самиот крај на минатата година, вредноста на најтргуваните криптовалути во светот претрпеа удар, во споредба со резултатите што ги постигнаа во текот на сите 12 месеци.

Да потсетиме, биткоинот во последните 12 месеци, и покрај моменталниот пад на вредноста, забележа раст од 60 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП