2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃаволите со 45 милиони тргнуваат по Озил

Ѓаволите со 45 милиони тргнуваат по Озил

Ignacio Sousa Marcos, Mesut Ozil

Откако англиските медиуми соопштија дека Манчестер Јунајтед понудил 40 милиони евра за Цеск Фабрегас, сега шпанските пишуваат дека „ѓаволите“ даваат 45 милиони за Месут Озил.

Јунајтед и натаму бара достојна замена за Пол Сколс, а двапати добија негативен одговор од Барселона за Фабрегас, па сега своите погледи ги насочија кон Германецот од Реал Мадрид.

Според медиумите од Пиринејскиот полуостров, шампионот на Англија на „кралевите“ им испратиле понуда од 45 милиони евра.

Нормално дека Јунајтед смета и на најавениот трансфер на Герет Бејл од Тотенхем во Реал и дека со него би се направил метеж во средниот ред на „кралскиот клуб“.

Озил оваа сезона има се помала минутажа отколку претходно, а причината за тоа е доаѓањето на репрезентативецот на Шпанија, Иско, па поради тоа неговото заминување од „Сантијаго Бернабеу“ не изгледа како невозможно сценарио.

Летниот преоден рок трае до 2-ри септември, па без сомнение и овој пат не очекува пеколен финиш.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП