25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за декември 2021

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за декември 2021

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.12 – 31.12.2021 година вкупниот промет изнесувал 840.414.353 денари и е намален за 31,61 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 754.690.781 денари и е зголемено во однос на ноември за 69,56 отсто кога изнесувало 445.081.429 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 431.449.081 денари и обврзници во вредност од 323.241.700 денари.

Блок трансакциите во декември изнесувале 85.453.250 денари и се намалени за 89,10 отсто во однос на ноември.

Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.658 и е зголемен за 4,28 отсто во однос на ноември кога изнесувал 1.590.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за декември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за декември 2021 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП