Поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам ќе продаде 55% од акциите на компанијата на „Authentic Brands Group“ за околу 200 милиони фунти (271 милиони долари), пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на публикација во „Daily Mail“.
Договорот ќе му даде на „Authentic“ мнозински удел во „DB Ventures“, која се занимава со зделките на Бекам со часовниците „Tudor“ и брендот виски „Haig“, пишува весникот.
„Authentic“ е сопственик на модниот бренд „Juicy Couture“.
Портпаролот на Бекам одби да ги коментира овие информации за „Daily Mail“.
Успехот на „DB Ventures“ му донесе 40.000 фунти дневно на семејството Бекам, пишува британскиот весник.
За разлика од профитабилниот бизнис на Дејвид Бекам, неговата сопруга Викторија пријави уште една година загуби за нејзиниот луксузен моден бренд. Во 2020-та година нејзиниот бренд изгуби 8,6 милиони фунти, а од 2016-та година загубата е 56,7 милиони фунти.
Компанијата „ќе бара континуирана поддршка и финансирање од акционери“ за да биде спасена, рекоа директорите на компанијата на Викторија Бекам, признавајќи дека нема договорни аранжмани за таа поддршка. Под „акционери“ веројатно е и самото семејство Бекам.