26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРепортажа на АФП за Македонија: Масовно иселување на младите во потрага по...

Репортажа на АФП за Македонија: Масовно иселување на младите во потрага по подобар живот

Напуштените продавници и претежно празни улици даваат малку знаци на живот во Валандово во Северна Македонија, каде младите луѓе бегаат во голем број надевајќи се дека ќе најдат подобар живот во странство, вака ја започнува репортажата за нашата земја француската агенција АФП.

Во текстот се наведува дека како и поголемиот дел од овој осиромашен агол на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација седи на демографска темпирана бомба поттикната од стареењето на населението, намалената стапка на наталитет и масовната миграција. Околу 600.000 македонски граѓани сега живеат во странство, покажуваат податоците на Светска банка и Владата. Слабиот економски раст и недостигот на инвестиции ја зафатија земјата, која сега е дом на само 1,8 милиони луѓе, во нејзините 30 години независност.

„Ако имате нешто повеќе од 2,4 милиони граѓани, а повеќе од една четвртина си заминале, тогаш треба сериозно да се загрижите за тоа што се случува“, вели Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика во државата.

АФП додава дека селата и малите градови како Валандово, нудат малку работни места, па ги турка амбициозните и способните да бараат работа на друго место.

„Духот на младите е систематски уништен. Ентузијазмот за борба и останување дома е изгубен“, изјави за АФП Перо Костадинов, новоизбраниот 33-годишен градоначалник.

Само во Валандово, речиси 90 отсто од приходите на луѓето се поврзани со земјоделството, се вели во текстот на француската агенција.

Добро познатата анегдота во оваа земја нуди остра слика за тоа каде се движи нејзината иднина, посочува авторот на текстот.

„Подобро да робувам во странство“.

Од независноста и распадот на Југославија во 1991 година, многумина се надеваа дека интеграцијата во Европската унија ќе обезбеди спасувачки сплав и ветувања за посветла иднина.

Но, патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ постојано беше блокиран, прво од Грција, а подоцна и од Бугарија, што доведе до нови сомнежи дека земјата некогаш ќе се приклучи и турка многумина да скокаат од бродот.

За оние кои остануваат, месечните плати во просек се 470 евра (530 долари).

Текстот завршува со констатацијата дека ваквата слика важи за целиот Балкан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП