Традиционално на крајот на календарската година од страна на Македонска берза АД Скопје се доделуваат награди за најпрепознатливите и најактивните издавачи на хартии од вредност. АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2021 година и тоа во две категории, по избор на пазарни учесници и по избор на новинари.
Наградата освоена по 9-ти пат го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.

