Во согласност со востановената традиција, рудникот САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, и оваа година повторно обезбеди новогодишни подароци на сите деца во градинките и основните училишта во Македонска Каменица и населбата Саса. Дополнително, вкупно 132 социјално ранливи лица и семејства добија пакети со храна и средства за хигиена за да им помогнат во текот на празничниот период.
„Среќен сум што и оваа година продолжува традицијата на новогодишно дарување која и покрај предизвиците што ги создаде пандемијата, донесе радост кај децата и ќе им помогне на социјално ранливите семејства да ги дочекаат празниците во добро расположение. Сакам да искажам благодарност до САСА што го овозможи ова и уште еднаш покажа дека е компанија која се грижи и придонесува за благосостојбата на целата заедница“, рече градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.




