30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДесетти ден „Газпром“ не испорачува гас за Европа преку Јамал

Десетти ден „Газпром“ не испорачува гас за Европа преку Јамал

„Газпром“ на десеттиот ден не резервира капацитет за пренос на природен гас во Европа преку гасоводот Јамал, пренесува ТАСС. Од компанијата објаснуваат дека причината за тоа е недостатокот на барања од европските клиенти, вклучувајќи ги Франција и Германија.

Заклучно со 15-ти декември, државниот гигант испорача 178 милијарди кубни метри во Европа, или 4,8% повеќе отколку во 2020-та година, кога поради пандемијата на коронавирус имаше ограничувања на потрошувачката.

Веќе во средината на декември, „Газпром“ почна да го намалува протокот преку гасоводот Јамал, кој минува низ Белорусија и Полска. Капацитетот на цевките е нешто помалку од 33 милијарди кубни метри годишно. На 20-ти декември прекина физичкиот проток на гас од Русија до Германија на Јамал, што доведе до рекордна цена на гасот на европските пазари – 2.000 долари за 1.000 кубни метри, или околу 180 евра за мегават-час.

Но постепено цената падна на околу 100 евра за мегават-час. За дел од смиреноста на пазарите придонесе и веста дека американските танкери за течен гас се пренасочуваат од Азија во Европа.

Сега протокот на Јамал е обратен – од Германија до Полска и Украина. Според рускиот претседател Владимир Путин, земјата ги препродава количините на гас купени со долгорочни договори со огромен профит. За време на неговата традиционална годишна конференција, Путин ја обвини Германија дека не им помага на пазарите и беше категоричен дека никој не може да ја обвини Москва за скапиот гас.

Просечната цена на рускиот природен гас според долгорочните договори со европските клиенти во 2021-ва година е околу 280 долари за 1.000 кубни метри, според „Газпром“. Во 2020-та година, просечната цена за европските клиенти со долгорочни договори беше 143 долари за 1.000 кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП