29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЦрн рекорд во САД – речиси половина милион заразени со Ковид-19

Црн рекорд во САД – речиси половина милион заразени со Ковид-19

Соединетите држави се најтешко погодената земја од пандемијата на коронавирус.

Сепак, ситуацијата ја усложнува фактот што во САД во последните 24 часа се откриени дури 484.377 нови случаи на коронавирус, што е нов светски рекорд.

Според последните податоци, 54,6 милиони луѓе се заразени во САД, а над 844.000 луѓе ги загубиле животите како последица на Ковид 19.

За потсетување, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост бидејќи истовременото ширење на делта и омикрон предизвикува, како што наведе, цунами од заразени.

Сепак, тој истакна дека се надева дека најлошиот дел од пандемијата ќе остане во 2021 година и дека е рано да се заклучи дека омикрон развива поблага клиничка слика.

Омикрон првпат беше регистриран во Јужна Африка минатиот месец, а веќе стана доминантен вид во САД и делови од Европа.

„Многу сум загрижен бидејќи омикрон, кој е попреносен и циркулира истовремено со делта, доведува до цунами на случаи“, рече директорот на СЗО на прес-конференција.

Тој додаде дека тоа дополнително ќе изврши притисок врз веќе изморените здравствени работници и здравствените системи кои се пред колапс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП