Новогодишните и Божиќните празници се време за радости, убави моменти, време за да споделиме среќа и да подариме насмевки. И токму со таа мисија дел од тимот на новиот македонски телекомуникациски оператор, Мтел денеска го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и ги изненади дечињата со новогодишни пакетчиња.
„Претстојните празнични денови се најмагичниот и највеселиот период од годинава, а подароците се убав начин дополнително да им ги разубавиме овие денови на децата. Среќни сме што имавме можност да ги израдувавме децата кои го посетуваат Заводот и да им’ посакаме среќни празници. Да направиме нешто повеќе заедно за повеќе детски насмевки, за радост и убави моменти за сите во Новата 2022 година“, велат од тимот на Мтел.



