28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да препознаете дали имате настинка, грип или ковид?

Како да препознаете дали имате настинка, грип или ковид?

Ако ве боли грлото, ви протекува носот и ве болат мускулите – тоа може да бидат симптоми на настинка, но и на грип или на ковид-19. Сите овие болести имаат заеднички симптоми, па понекогаш е тешко да се каже што точно се случува со вас.

Со ширењето на варијантата омикрон, во светот се бележи пораст случаите на инфекција , но нивото на хоспитализација се чини дека е релативно ниско.

„Ако сте биле вакцинирани и инфицирани со омикрон, поголема е веројатноста да имате поблаги симптоми“, вели епидемиологот Абдул Ел-Сајед, поранешен извршен директор на Одделот за здравство во градот Детроит.

„Важно е да се разбере дека вакцината делува на имунолошкиот систем како мерка на претпазливост. Односно, нејзината способност да го идентификува и уништи вирусот се зголемува по примањето на секоја доза од вакцината. Значи, има смисла вакцинираните луѓе да имаат поблаги симптоми”, додаде тој.

„Ова сепак не значи дека инфекциите не треба да се сфаќаат сериозно, особено поради можниот притисок врз здравствениот систем. Фактот дека ризикот од потешки симптоми е помал за некои поединци, не значи дека омикрон не е социјален проблем“, изјави епидемиологот.

Настинка, грип или ковид?

Ковид-инфекцијата може да изгледа како настинка или грип. Најдобар начин да препознаете што се случува е да се тестирате себеси.

Почетните симптоми на настинка, грип и ковид-19 обично се слични, рече Ел-Сајед. И ковидот и грипот често предизвикуваат треска, замор, болки во телото, болки во грлото, отежнато дишење и повраќање или дијареа.

Сепак, инфекцијата со Ковид-19 може да се разликува по главоболката и сува кашлица кои често ја придружуваат. Треба да се внимава и на губењето на вкусот и мирисот, иако со новата варијанта овој симптом е помалку изразен, објаснува епидемиологот.

„Оние кои имаат силна болка во градите, особено ако е придружена со сува кашлица, дефинитивно треба да побараат лекарска помош“, рече Ел-Сајед.

Најважниот фактор што треба да се земе предвид е изложеноста на вирусот.

„Доколку почнете да чувствувате некој од овие симптоми, треба да размислите дали сте стапиле во контакт со некој што бил заразен со Ковид. Исто така, би било добро да се изолирате и да се тестирате“, советува епидемиологот.

Кога да се тестирате за Ковид-19?

Ако се прашувате дали сте заболени од Ковид или настинка, најдобро е да се тестирате за ковид, пишува Си-Ен-Ен.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести наведува дека оние кои биле изложени на вирусот, но немаат никакви симптоми, сè уште имаат можност инфекцијата да се развила доволно за да се покаже на тестот.

„Ако сте биле негативни, тоа не мора да значи дека не сте заразени со коронавирус. Најдобро е да се тестирате повеќе пати или да ја повторите постапката по 12 или 24 часа. Ако сте негативни двапати по ред, можете да бидете сигурни дека немате ковид“, рече Ел-Сајед.

Што ако вашето дете почне да “шмрка”?

Д-р Сара Еш Комбс, од Детската национална болница во Соединетите држави, вели дека е тешко да се каже дали детето има ковид или само настинка.

„Кога родителите доаѓаат во собата за итни случаи со дете кое шмрка и има болно грло, им велам дека без тестирање не можеме со сигурност да знаеме за што се работи“, рече Комбс.

„Децата добиваат омикрон на ист начин како и возрасните. Бидејќи симптомите се често благи, инфекцијата со омикрон може да изгледа како настинка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП