28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСковин АД Скопје оди во стечај

Сковин АД Скопје оди во стечај

Согласно Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Сковин АД Скопје извести дека Одборот на директори на ден 28.12.2021 година донесе Одлука за поднесување на предлог за отварање на стечајна постапка пред надлежен суд поради блокада на трансакциска сметка на друштвото повеќе од 45 дена.

Винарија Сковин е основана во далечната 1979 година, продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од Скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим. Таа за жителите на Скопје долго време важеше за место каде што може да се најде автентично домашно вино. Во 2001 винарија Сковин беше откупена од групата Фершпед АД, по што следеше период на интензивни инвестиции и опремување на винарија со најсовремена опрема и технологија, со што Сковин прерасна во современа винарија и се усоврши во преработката на грозјето.

Квалитетот беше препознаен од Балкан Холдингс ПТЕ.ЛТД од Сингапур кој во јули 2019 година го купи брендот Сковин и продолжи со работа како ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП