26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТурците ќе ги презентираат своите електрични автомобили на саем во Америка (ФОТО/ВИДЕО)

Турците ќе ги презентираат своите електрични автомобили на саем во Америка (ФОТО/ВИДЕО)

Новиот турски производител на автомобили „TOGG“ ќе ја претстави својата понуда на „CES 2022“ во Лас Вегас.

Најголемиот светски саем на електронски достигнувања, кој традиционално се одржува секоја година во Лас Вегас, ќе биде домаќин на„ TOGG“, првиот турски производител на електрични автомобили, од 5-ти до 8-ми јануари.

Пред две години „TOGG“ пред светската јавност претстави прототипови на електрични теренци и лимузини, а неодамна потврди дека производството на двата модели ќе започне во 2022-ра година.

Турската компанија најави дека на „CES“ ќе ги претстави технологиите под заедничкото име „Use-Case Mobility“, кое комбинира „напредни електрични, автономни и поврзани технологии за мобилност“.

Се очекува производителот на автомобили во Лас Вегас, исто така, да прикаже прототипови на електрични теренци и седани.

Инаку, дизајнот на двата автомобили го потпишува студиото „Pininfarina“. Возилата се со целосно електричен погон, а ќе се нудат во две конфигурации, со еден или два електромотори, односно со 200 и 400 ks.

Помоќната верзија од место до 100 km/h ќе забрзува за 4,8 секунди, а на онаа со еден мотор 7,6 секунди. Автономијата меѓу двете полнења се проценува на околу 500 километри.

Автомобилите ќе се произведуваат во фабриката Гемлик во регионот на Бурса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП