20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Microsoft“ доби зелено светло од ЕК за купување на „Nuance“

„Microsoft“ доби зелено светло од ЕК за купување на „Nuance“

Европската комисија му даде зелено светло на „Microsoft“ да ја купи „Nuance Communications“, компанија специјализирана за вештачка интелигенција и говорна технологија, со вредност на трансакцијата од 16 милијарди долари.

Тоа ќе биде втора по големина аквизиција на „Microsoft“, по купувањето на „LinkedIn“ од 26,2 милијарди долари во 2016-та година. Со новото купување, „Microsoft“ сака да го зголеми своето присуство во областа на облачни здравствените услуги.

„Microsoft“ веќе има дозвола од американските и австралиските регулатори да го купи „Nuance“.

Комисијата соопшти дека нејзината анализа на договорот открила дека тој нема значително да ја загрози конкуренцијата на пазарите за софтвер за транскрипција, облачни услуги, деловни комуникациски услуги, компјутерски оперативни системи и слични производи.

„Предложената трансакција не предизвикува загриженост за конкуренцијата на ниту еден од пазарите што се испитуваат во европската економија“, соопшти Комисијата.

„Nuance“, со седиште во САД, опслужува 77 отсто од болниците во САД и помогна во лансирањето на виртуелниот асистент на „Apple“ – „Siri“.

Комисијата соопшти дека ги испитала можните тешкотии, кои вклучуваат преклопување на активностите на софтверот за транскрипција на„ Microsoft“ и „Nuance“, и откри дека тие нудат „многу различни производи“ кои, заедно, ќе продолжат да се соочуваат со силна конкуренција од другите играчи.

Технолошките компании ги зголемуваат аквизициите на компаниите фокусирани на вештачката интелигенција, бидејќи сè повеќе ги интегрираат овие технологии во нивните производи и услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП