7 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИАвстриско-тајландска компанија го купи „Selfridges“ за 5,4 милијарди долари

Австриско-тајландска компанија го купи „Selfridges“ за 5,4 милијарди долари

Династијата зад „Selfridges & Co.“ го продаде британскиот оператор на стоковни куќи на тајландско-австриско заедничко вложување за околу 4 милијарди фунти (5,4 милијарди долари) во една од најголемите трговски зделки за малопродажба во Британија со години, пишува „Bloomberg“.

Семејството Вестон соопшти дека „Central Group“, во сопственост на семејството Чиративат, едно од најбогатите во Азија, и „Signa“ ќе го поседуваат синџирот во партнерство 50-50, се вели во заедничкото соопштение.

Откупната цена не е официјално објавена, но е речиси 4 милијарди фунти, тврдат двајца извори запознаени со зделката, кои сакаа да останат анонимни бидејќи информацијата е доверлива. Ова ја прави една од најголемите аквизиции на британска компанија во оваа година, според „Bloomberg“.

Пред извесно време агенцијата објави дека семејството Вестон размислува за продажба откако добило барање од заинтересирана страна, а во јуни ја ангажирала „Credit Suisse“ како консултант.

Основана во 1908-ма година од Хари Гордон Селфриџ, „Selfridges“ е најдобро позната како џиновска продавница на улицата Оксфорд во Лондон, која долго време беше мека за модата. „Selfridges“ има продавници и во Манчестер и Бирмингем.

Компанијата беше купена од канадскиот бизнисмен Гален Вестон за речиси 600 милиони фунти во 2003-та година и оттогаш се прошири за да вклучи и други синџири на стоковни куќи, вклучувајќи ги „Arnotts“ и „Brown Thomas“ во Ирска, „Holt Renfrew“ во Канада и „De Bijenkorf“ во Холандија. Групацијата работи со вкупно 25 продавници ширум светот под нејзините пет брендови.

Продажбата на „Central“ и „Signa“ не го вклучува „Holt Renfrew“, кој ќе остане сопственост на семејството Вестон.

„Central Group“ е семејна компанија од четвртата генерација со интереси во голем број индустрии, од недвижнини и малопродажба до сместување и ресторани. Семејството Чиративат е рангирано на 20-то место меѓу најбогатите во Азија со богатство од 12,9 милијарди долари, според рангирањето на „Bloomberg News“ во ноември 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП