26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Opel“ ја претстави новата генерација на караванот на „Astra“ (ФОТО)

„Opel“ ја претстави новата генерација на караванот на „Astra“ (ФОТО)

По хечбекот, „Opel“ неодамна ја претстави караван верзија на новата „Astra“.

„Opel Astra Sports Tourer“ дебитираше пет месеци по хечбекот, со кој го дели новиот дизајнерски јазик што германскиот производител го форсира откако стана дел од францускиот гигант „PSA“.

Од друга страна, караванот „Astra“ е механички базиран на новата генерација на „Peugeot 308 SW“, која исто така ја виде светлината на денот во минатото лето.

„Astra Sports Tourer“ е долг 4,6 метри, додека возилото е широко 1,8 метри и високо 1,4 метри. Очекувано има голем багажен простор со основен волумен од 608 литри и кој со преклопување на седиштата се зголемува до дури 1.634 литри.

„Opel“ сè уште не ги објавил спецификациите на моторот, но тие сигурно ќе бидат преземени од хечбекот „Astra“.

Пред се, треба да очекуваме 3-цилиндричен 1.2 турбо-бензинец, во варијанти со 110 и 130 ks, како и 1.5 турбо-дизел мотор, исто така со 130 ks. Сите овие мотори стандардно ќе бидат споени со 6-брзински мануелен менувач, а како опција ќе биде достапен и 8-брзински автоматски менувач.

Не треба да ги заборавиме и „plug-in“ хибридите чие срце е 1,6 турбо бензинец. Ќе бидат достапни две верзии со моќност – со 180 и 225 ks. Батеријата е со капацитет од 12,4 kWh, а автономија при возење на струја e околу 50 km.

Лансирањето на „Opel Astra Sports Tourer“ е најавено за 2022-ра година, а првите клиенти треба да ги добијат своите возила за половина година, освен ако нема некои нови непријатни изненадувања во врска со глобалниот недостиг на чипови.

Засега од „Opel“ не ги објавија цените за караван верзијата на новата „Astra“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП