26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААстероид со големина на автобус се приближува кон Земјата

Астероид со големина на автобус се приближува кон Земјата

Според американската вселенска агенција НАСА, астероидот 2014 YE15, првпат откриен во 2014 година, на 6 јануари ќе се приближи до Земјата на оддалеченост од околу 7.400.000 километри.

Иако НАСА објектите поголеми од 150 метри кои се приближуваат до Земјата на растојание од 7,5 милиони километри смета за „потенцијално опасни“, овој седум метри широк астероид „со големина на автобус“ не се смета за голема закана.

Крајот на годината ќе биде обележан со навидум поголема опасност која поминува од вселената, бидејќи на 29 декември астероид широк околу 149 метри ќе се приближи многу поблиску до Земјата, на 3.540.000 km.

Астероидите се појавуваат во релативна близина на планетата на секои неколку дена, а НАСА ги следи нивните движења и редовно ја ажурира листата.

Сепак, тоа не значи дека тие треба да се игнорираат. Дури и малите можат да предизвикаат проблеми, бидејќи во 2013 година, астероид широк 20 метри експлодираше над Челјабинск во Русија, ослободувајќи ја истата енергија како околу 26 до 33 експлозии на атомски бомби. Оштетени биле неколку згради, а околу 1.500 лица се згрижени поради повредите предизвикани од експлозијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП