28 март, 2024
ПочетнаКОРОНА„Трошка“ надеж за омикрон

„Трошка“ надеж за омикрон

Сојот омикрон предизвикува полесно заболување од делта сојот, е заклучокот од прелиминарното истражување на Британската агенција за здравствена безбедност.

Сепак, претседателката на оваа агенција, Џени Харис, истакнува дека е премногу рано да се повлече нејзината претходна оценка дека сојот омикрон е „најопасната закана со која се соочи Обединетото Кралство од почетокот на пандемијата“.

Најновите податоци за сојот на омикрон се сметаат за прелиминарни, бидејќи агенцијата сè уште нема доволно релевантни информации за најстарата популација за да донесе дефинитивни заклучоци.

Британското национално биро за статистика проценува дека на 19 декември милион и седумстотини илјади граѓани биле заразени со ковид, што е речиси четиристотини илјади повеќе заразени од само три дена порано.

Во однос на вкупното население, тоа значи дека секој триесет и петти Британец е моментално заразен. Во Лондон, каде што бројот на вакцинирани е најмал, соодносот е 1:20. Во ваква епидемиолошка состојба хоспитализирани се само 1.171 лице.

„Направена е деликатна рамнотежа помеѓу екстремно заразниот вид и она што се чини дека е помал ризик од хоспитализација“, рече Џени Харис, претседателка на Британската агенција за здравствена безбедност.

Таа нагласува дека овие податоци претставуваат „трошка надеж пред Божиќ“, но дека не се доволни за нејзината агенција да заклучи дека опасноста од највисок степен поминала.

Агенцијата за здравствена безбедност проценува дека веројатноста заразеното лице со омикрон да повика брза помош е помеѓу 31 и 45 отсто помала отколку лице заразено со делта.

Шансите да завршите во болница поради инфекција со омикрон се помали за меѓу 50 и 70 проценти.

Сепак, многу е сè уште нејасно. Нема релевантни податоци за просечното времетраење на болничкото лекување.

Сепак, д-р Харис истакнува дека нема значително зголемување на бројот на лица на интензивна нега или респиратори. Проценува дека тоа можеби е последица на тоа што претежно младите се заразени со омикрон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП