Симптом на инфекција со омикрон кој се јавува пред да се развие болеста и е многу лесно да се открие!
Последната мутација на короната наречена омикрон, која брзо се шири низ планетата, пристигна и кај нас, а експерти предупредуваат на симптоми на болеста кои се малку поинакви од оние кои се веќе познати.
Како што истакнуваат, постојат неколку знаци кои укажуваат дека можеби сте се заразиле со мутација на короната, но голема е веројатноста дека ќе го слушнете првиот симптом пред да ви се осетите лошо.
Луѓето кои се заразиле со омикрон пријавиле гребење во грлото, поради што нивниот глас се променил или зарипнал. Ако некој ви каже дека звучите како да сте пееле цел ден, дека гласот ви е длабок и рапав, а знаете дека природно не е така, проверете дали сте заразени со варијантата омикрон.
За разлика од делта сојот, каде пациентите имале болки во грлото, кај заразените со новата мутација симптомот е „само“ гребење.
Минатата недела, Рајан Роуч, главен извршен директор на DiscoveryHealth, најголемата приватна компанија за здравствено осигурување во Јужна Африка, рече дека тоа е најчестиот симптом со кој се соочуваат пациентите инфицирани со омикрон. Овој симптом обично е придружен со затнување на носот, но и други чести знаци како сува кашлица и болки во долниот дел на грбот.
Ова се вообичаени рани предупредувачки знаци на инфекција со омикрон:
Течење на носот / конгестија
Главоболка
Замор
Кивање
Ноќно потење
Болки во телото
Според студијата спроведена од апликацијата „ZOE Covid Symptom Study“, откриено е дека болките во грлото се меѓу најчесто пријавените симптоми, и кај вакцинирани и кај невакцинирани лица.