5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЖивотот на Венера поизвесен од кога било досега

Животот на Венера поизвесен од кога било досега

Со екстремни температури, урагански ветрови и интензивна вулканска активност, Венера делува како последно место за потрага по живот во Сончевиот систем, но новата студија сугерира дека можеби постои живот во киселите облаци на оваа планета.

Втората планета од Сонцето често се нарекува „сестра“ на Земјата поради нејзината слична големина, маса и густина, но тука завршува сличноста.

За разлика од нашата планета, температурата на Венера достигнува 464 степени Целзиусови бидејќи нејзината атмосфера главно се состои од јаглерод диоксид кој ја задржува топлината. Во минатото имало океани кои потенцијално можеле да задржат живот, но целата таа вода испарила.

„Меѓутоа, иако животот на површината е невозможен, тој сепак би можел да опстане во облаците со сулфурна киселина кои ја покриваат Венера, бидејќи може да се покаже дека се попогодни за населување отколку што се мислеше“, се вели во студијата објавена во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Тимот, предводен од Сара Зигер, астрофизичар и планетарен научник од Технолошкиот институт во Масачусетс, создаде хемиски модел на атмосферата на Венера кој „предвидува дека облаците не се целосно направени од сулфурна киселина, туку се составени од соли на амонијак, што може да биде резултат на биолошкото производство на амонијак во капките на облакот“.

Ова значи дека облаците не се „ништо покисели“ од некои екстремни средини во кои се наоѓа животот на Земјата. Амонијакот е неопходен за многу биолошки процеси, а неговото присуство во капките облаци може да сугерира дека „животот би можел да создаде сопствена средина на Венера“, велат научниците.

„Оваа студија укажува дека има амонијак во атмосферата и дека овој синџир на хемиски реакции всушност се случува“, рече Сигер.

Сигер беше меѓу истражувачите кои претпоставија присуство на фосфин – уште еден гас кој има „биосигнал“ – во облаците на Венера во 2020 година, а сегашната студија е продолжение на таа работа.

Сепак, таа истакна дека населливоста на атмосферата на Венера во моментов е само хипотеза, изразувајќи надеж дека „во многу далечна иднина… можеме да се обидеме да вратиме примерок од облак материјал на Земјата и да го бараме самиот живот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП